The Art of
Skincare
Билни инфузии. Природни масла и путери.
Се што и треба на вашата кожа за новата сезона.

handmade · luxury
Artisan сапуни
Убавините на природата, во едно парче сапун.
Добрата нега на кожата започнува со квалитетен природен сапун.
Нашите cold-process сапуни ги изработуваме рачно, во мали серии, со висококвалитетни растителни масла и путери, маслени инфузи, билки од нашата природа и внимателно избрани состојки.
По изработката, им даваме 4–6 недели полека да созреат.
Секоја состојка има своја причина. Секој сапун — своја формула. Секое парче — направено со внимание.


Our founder Nena
Создадени прво за мојот дом. Денес, создадени и за вашиот.
" Dearest gentle reader,
ако го читаш ова, тогаш си на прекрасно место — или подобро кажано, страница.
Сакам да знаеш нешто за производите што ги гледаш тука. Секој од нив го создавам како да го создавам за себе и за моето семејство. Затоа многу внимавам на формулите, состојките што ги избирам и секој мал детал во процесот.
Затоа што негата што ја избираме за себе треба да биде нега на која навистина и веруваме. "
А ако сакаш да дознаеш како започна целата Naked приказна...
our land · local botanicals
Богатството на нашата природа, преточено во нега за вашата кожа
Нашата земја е дом на прекрасни билки и природни состојки кои со генерации се дел од нашата традиција. Невен, нане, лаванда, камилица, рузмарин — заедно со локално козјо млеко, мед и други внимателно избрани состојки, ги внесуваме и во нашите Naked формули.
Билките ги претвораме во маслени инфузии, ги комбинираме со квалитетни масла и путери и создаваме природна нега рачно, во мали серии, во нашето студио во Струмица.
real skin · real stories
Вашите зборови значат најмногу
Тања Т.
Секоја чест за твојата посветеност и она што го продаваш. Земав три производи и пријатно се изненадив. Не ја сушат кожата и се фантастични.
Весна М.
Путерите за тело ти се како пудинг. Ги обожавам и ги користам во текот на целата година. Кожата ми е како свила.
Ивана Т.
Со години се борев со чувствителна и проблематична кожа. Откако ги користам Naked сапуните, забележав огромна разлика во тоа како изгледа и како се чувствува мојата кожа. Конечно пронајдов нешто што ми одговара.








