SOOTHING

Невеново масло

Невеново масло

Gentle Botanical Care

Маслото од невен се добива од цветови на невен препознатливи по својата златно-портокалова боја и долгата традиција во билната нега. Цветот се отвора со изгрејсонце и се затвора со зајдисонце, поради што во некои култури самиот цвет била нарекуван „сончев цвет“ и симбол на топлина и нежна нега на кожата.

SEALING

Пчелин восок

Пчелин восок

Protective Finish

Пчелиниот восок е природен восок што пчелите го создаваат за изградба и заштита на саќето. Во производите за нега е ценет поради создавањето нежен заштитен слој што помага влагата подолго да остане во кожата и им дава побогато и понежно чувство.

CALMING

Бисаболол

Бисаболол

Gentle Skin Comfort

Бисабололот е природна состојка најпозната по тоа што се наоѓа во цветовите на камилицата, растение препознатливо по својата нежна и смирувачка природа. Неговото име е поврзано со дрвото Кандeиа од Бразил, кое важи за еден од најбогатите природни извори на чист бисаболол што се користи во негата на кожа и ботаничките формули.

PROTECTIVE

Витамин Е

Витамин Е

Antioxidant Care

Витаминот Е е еден од најпознатите витамини во негата на кожа и природно се наоѓа во многу растителни масла, семки и јаткасти плодови. Поради својата антиоксидантна природа, стана познат како една од најценетите состојки за заштита на формулите од оксидација и зачувување на свежината на производите.

REVITALIZING

Масло од шипинка

Масло од шипинка

Botanical Renewal

Маслото од шипинка се добива од плодот и семките на дивата ружа и природно е богато со каротеноиди што му ја даваат неговата топла златно-портокалова боја. Со години е дел од природните ритуали за убавина поради чувството на свежина, обновен изглед и природен сјај што им го дава на производите за нега.

Опис

Природниот мелем SOS е создаден за многу сува, чувствителна и проблематична кожа што има потреба од дополнителна нега и удбност. Формулата е збогатена со витамин Е, бисаболол и екстракт од невен — внимателно одбрани состојки познати по нивната нежна и смирувачка нега на кожата. Комбинацијата од путери и масла помага кожата да остане помека, понегувана и поудобна, особено кај суви, груби и чувствителни делови склони кон иритација и црвенило. Богатата текстура се топи при допир и создава заштитен слој без чувство на тежина.

Начин на чување:
Чувајте на ладно и суво место
Избегнувајте директна сончева светлина
Поради природните путери, текстурата може да омекне на високи температури
Само за надворешна употреба

Важно: Доколку имате чувствителна кожа или познати алергии, препорачуваме внимателно да ја проверите листата на состојки пред користење. Овој производ се изработува по нарачка и може да биде прилагоден според вашите потреби. Поради природата на производот и од хигиенски причини, не прифаќаме замена или враќање.

Состав (INCI): Butyrospermum Parkii Butter, Cocos Nucifera Oil, Theobroma Cacao Seed Butter, Vitis Vinifera Seed Oil, Calendula Officinalis Oil, Cera Alba, Bisabolol, Tocopherol, Calendula Officinalis Extract, Rosa Canina Fruit Oil

Нето количина: ~50г.

Начин на употреба

Нанеси мала количина на чиста и сува кожа и масирај нежно. Остави производот кратко да се впие и засуши на кожата за да создаде хранлив и заштитен слој. Може да се користи секојдневно или по потреба на суви, чувствителни и проблематични делови од кожата.