Mama’s Bump
Знаеме дека ова е едно од најважните патувања во твојот живот — затоа 100% природниот путер Mama’s Bump е создаден со внимателно одбрани, висококвалитетни путери и масла што и даваат на кожата длабинска нега, мекост и удобност. Формулата е збогатена со витамин Е, екстракт од невен, масло од шипинка и пчелин восок што помагаат кожата подолго да биде хидрирана и да остане мека, еластична и негувана без потреба од постојано повторно нанесување. Создаден за little self-care moments во период кога твоето тело минува низ нешто навистина посебно.
Начин на чување:
Чувајте на ладно и суво место
Избегнувајте директна сончева светлина
Поради природните путери, текстурата може да омекне на високи температури
Само за надворешна употреба
Важно: Доколку имате чувствителна кожа или познати алергии, препорачуваме внимателно да ја проверите листата на состојки пред користење. Овој производ се изработува по нарачка и може да биде прилагоден според вашите потреби. Поради природата на производот и од хигиенски причини, не прифаќаме замена или враќање.
Состав (INCI): Theobroma Cacao Seed Butter, Cocos Nucifera Oil, Calendula Officinalis Oil, Butyrospermum Parkii Butter, Rosa Canina Fruit Oil, Simmondsia Chinensis Seed Oil, Tocopherol
Нето количина: ~100г.
Нанеси мала количина на чиста и сува кожа и масирај нежно со кружни движења додека путерот се впие. Може да се користи секојдневно на стомакот, градите, колковите и други делови од телото што имаат потреба од дополнителна нега и еластичност во текот на бременоста.







