BALANCING

Масло од Јојоба

Масло од Јојоба

Skin Harmony

Јојоба маслото технички не е масло, туку течен растителен восок со состав многу сличен на природните масла на кожата. Токму поради оваа уникатна структура е познато по своето лесно чувство и природно избалансирано дејство во производите за нега на кожа и коса.

SOOTHING

Невеново масло

Невеново масло

Gentle Botanical Care

Маслото од невен се добива од цветови на невен препознатливи по својата златно-портокалова боја и долгата традиција во билната нега. Цветот се отвора со изгрејсонце и се затвора со зајдисонце, поради што во некои култури самиот цвет била нарекуван „сончев цвет“ и симбол на топлина и нежна нега на кожата.

PROTECTIVE

Витамин Е

Витамин Е

Antioxidant Care

Витаминот Е е еден од најпознатите витамини во негата на кожа и природно се наоѓа во многу растителни масла, семки и јаткасти плодови. Поради својата антиоксидантна природа, стана познат како една од најценетите состојки за заштита на формулите од оксидација и зачувување на свежината на производите.

NOURISHING

Шеа Путер

Шеа Путер

Rich Skin Food

Шеа путер се добива од плодот на африканското shea дрво и со генерации е дел од традиционалните ритуали за нега. Во некои делови од Африка е познато и како „женско злато“ поради неговата важност во негата на кожа, коса и рачно изработени производи за тело.

SOFTENING

Маслиново Масло

Маслиново Масло

Mediterranean Rituals

Маслиновото масло е хранливо растително масло добиено од маслинки и со илјадници години е дел од медитеранските ритуали за убавина. Во античка Грција маслиновото масло било толку ценето што не се користело само за нега, туку и се подарувало на спортисти и благородници како симбол на здравје и виталност.

Опис

Нежен пилинг за лице создаден за денови кога кожата има потреба од мало освежување и reset. Шеќерната текстура помага нежно да се отстранат насобраните нечистотии и суви клетки од површината на кожата, оставајќи го лицето помазно, почисто и со полесно чувство по користење. Комбинацијата од масла и путери придонесува кожата да остане мека и удобна, без чувство на затегнатост. Совршено се комбинира со нашите природни сапуни за комплетен skincare ритуал.

Начин на чување:
Чувај го затворен по употреба
Чувај под 25°C
Подалеку од директна сончева светлина и топлина

Состав (INCI): Sucrose, Calendula Officinalis Oil, Butyrospermum Parkii Butter, Simmondsia Chinensis Seed Oil, Vitis Vinifera Seed Oil, Olea Europaea Fruit Oil, Cetearyl Alcohol, Cetearyl Glucoside, Tocopherol, Phenoxyethanol, Parfum
Нето количина: ~50g

Начин на употреба

Нанеси мала количина на влажна кожа и масирај нежно со кружни движења, избегнувајќи ја областа околу очите. Исплакни со млака вода. Користи 1–2 пати неделно.