Goat Milk & Honey
Козјото млеко и медот имаат долга историја во традиционалната нега на кожата, ценети со генерации поради нивниот природен состав. Токму овие две состојки се срцето на Goat Milk & Honey — рачно изработен сапун со свежо козјо млеко од локални козари од струмичкиот регион и домашен мед. Козјото млеко е природно богато со масти, протеини и млечни шеќери, кои придонесуваат за кремаста пена и пријатно чувство при миењето. Медот, благодарение на своите природни шеќери, дополнително го збогатува пенењето. Заедно со путерите и маслата во формулата, создаваат сапун кој ја чисти кожата и ја остава мека и пријатна на допир.
Без додадени етерични масла и парфеми, со природен мирис на состојките.
Начин на чување:
Чувај на суво место по употреба
Користи сад за сапун со одвод
Подалеку од директна сончева светлина
Состав (INCI):Sodium Olivate, Sodium Cocoate, Sodium Shea Butterate, Sodium Castorate, Caprae Lac, Aqua, Mel, Theobroma Cacao Seed Powder, CI 77891
Нето количина: ~95–100г
Нанеси на влажна кожа, масирај нежно со кружни движења и исплакни со вода. Погоден за користење на лице и тело.


