Milk & Honey
Нашите лосиони за тело се рачно изработени со внимателно одбрани состојки и масла со висок квалитет, создадени да и дадат на кожата секојдневна нега, мекост и удобност. Формулата е направена да биде лесна, брзо да се впива и да е пријатна на кожата — без тешко и мрсно чувство по нанесување. Кожата останува помека, посвежа и природно негувана во текот на целиот ден.
Milk & Honey е инспириран од топли и кремасти ароми. Нежен спој од мед и млеко што остава чувство на чиста, мека и негувана кожа.
Начин на чување:
Чувајте на ладно и суво место
Избегнувајте директна сончева светлина
Чувајте го производот добро затворен по употреба
Само за надворешна употреба
Важно: Доколку имате чувствителна кожа или познати алергии, препорачуваме внимателно да ја проверите листата на состојки пред користење. Поради природата на производот и од хигиенски причини, не прифаќаме замена или враќање.
Состав (INCI): Aqua, Glycerin, Butyrospermum Parkii Butter, Cocos Nucifera Oil, Persea Gratissima Oil, Cetyl Alcohol, Cetearyl Alcohol, Cetearyl Glucoside, Tocopherol, Phenoxyethanol, Parfum
Нето количина: ~200г.






