NOURISHING

Масло од авокадо

Масло од авокадо

Vitamin-Rich Care

Маслото од авокадо е богато растително масло добиено од внатрешноста на авокадото, природно полно со витамини и масни киселини. Дрвото на авокадото во старите цивилизации од Централна Америка било нарекувано „дрво на животот“, а маслото од авокадо било ценето во ритуалите за убавина и нега поради својата богата и кремаста природа.

HYDRATING

Кокосово Масло

Кокосово Масло

Deep Moisture

Кокосовото масло се добива од кокоси кои растат во тропските предели и со векови е дел од традиционалните ритуали за убавина. Природно е богато со масни киселини и е познато по богатото и пријатно чувство што им го дава на производите за нега.

NOURISHING

Шеа Путер

Шеа Путер

Rich Skin Food

Шеа путер се добива од плодот на африканското shea дрво и со генерации е дел од традиционалните ритуали за нега. Во некои делови од Африка е познато и како „женско злато“ поради неговата важност во негата на кожа, коса и рачно изработени производи за тело.

PROTECTIVE

Витамин Е

Витамин Е

Antioxidant Care

Витаминот Е е еден од најпознатите витамини во негата на кожа и природно се наоѓа во многу растителни масла, семки и јаткасти плодови. Поради својата антиоксидантна природа, стана познат како една од најценетите состојки за заштита на формулите од оксидација и зачувување на свежината на производите.

Опис

Нашите лосиони за тело се рачно изработени со внимателно одбрани состојки и масла со висок квалитет, создадени да и дадат на кожата секојдневна нега, мекост и удобност. Формулата е направена да биде лесна, брзо да се впива и да е пријатна на кожата — без тешко и мрсно чувство по нанесување. Кожата останува помека, посвежа и природно негувана во текот на целиот ден.

Milk & Honey е инспириран од топли и кремасти ароми. Нежен спој од мед и млеко што остава чувство на чиста, мека и негувана кожа.

Начин на чување:
Чувајте на ладно и суво место
Избегнувајте директна сончева светлина
Чувајте го производот добро затворен по употреба
Само за надворешна употреба

Важно: Доколку имате чувствителна кожа или познати алергии, препорачуваме внимателно да ја проверите листата на состојки пред користење. Поради природата на производот и од хигиенски причини, не прифаќаме замена или враќање.

Состав (INCI): Aqua, Glycerin, Butyrospermum Parkii Butter, Cocos Nucifera Oil, Persea Gratissima Oil, Cetyl Alcohol, Cetearyl Alcohol, Cetearyl Glucoside, Tocopherol, Phenoxyethanol, Parfum

Нето количина: ~200г.

Начин на употреба

Нанеси на чиста и сува кожа и масирај нежно додека целосно не се впие. Совршен за секојдневна употреба, особено по туширање за помека и здрава кожа.