NOURISHING

Шеа Путер

Шеа Путер

Rich Skin Food

Шеа путер се добива од плодот на африканското shea дрво и со генерации е дел од традиционалните ритуали за нега. Во некои делови од Африка е познато и како „женско злато“ поради неговата важност во негата на кожа, коса и рачно изработени производи за тело.

BALANCING

Масло од Јојоба

Масло од Јојоба

Skin Harmony

Јојоба маслото технички не е масло, туку течен растителен восок со состав многу сличен на природните масла на кожата. Токму поради оваа уникатна структура е познато по своето лесно чувство и природно избалансирано дејство во производите за нега на кожа и коса.

PROTECTIVE

Витамин Е

Витамин Е

Antioxidant Care

Витаминот Е е еден од најпознатите витамини во негата на кожа и природно се наоѓа во многу растителни масла, семки и јаткасти плодови. Поради својата антиоксидантна природа, стана познат како една од најценетите состојки за заштита на формулите од оксидација и зачувување на свежината на производите.

STRENGHTENING

Рицинусово Масло

Рицинусово Масло

Rich Nourishment

Рицинусовото масло е густо ботаничко масло природно богато со масни киселини, познато по своето длабинско хранливо и негувателно чувство. Неговата богата текстура помага кожата и косата да изгледаат помеко, помазно и поздраво, со природен сјај.

HYDRATING

Кокосово Масло

Кокосово Масло

Deep Moisture

Кокосовото масло се добива од кокоси кои растат во тропските предели и со векови е дел од традиционалните ритуали за убавина. Природно е богато со масни киселини и е познато по богатото и пријатно чувство што им го дава на производите за нега.

Опис

Вистинско уживање за вашата кожа. Нашите путери за тело се 100% природни, рачно изработени со внимателно одбрани путери и масла со врвен квалитет. Лесната, пенеста текстура се топи при допир и остава кожа која изгледа свежо, мазно и негувано. Со редовна употреба, тенот добива поздрав изглед, природен сјај и свиленкаста мекост.
Smooth Afterglow е дел од дуо сетот со Ready, Set, Smooth пилингот — комбинација создадена да помогне кај враснати влакна, јаготеста кожа, иритации по бричење и груба, сува кожа.

Забелешка: Не мора да имаш специфичен проблем со кожата за да го користиш — одличен е и како редовен путер за тело за здрава и негувана кожа.

Начин на чување:
Чувајте на ладно и суво место
Избегнувајте директна сончева светлина
Поради природните путери, текстурата може да омекне на високи температури
Нанесувајте на чиста и сува кожа
Само за надворешна употреба

Важно: Доколку имате чувствителна кожа или познати алергии, препорачуваме внимателно да ја проверите листата на состојки пред користење. Поради природата на производот и од хигиенски причини, не прифаќаме замена или враќање.

Состав (INCI): Butyrospermum Parkii Butter, Cocos Nucifera Oil, Ricinus Communis Seed Oil, Helianthus Annuus Seed Oil, Simmondsia Chinensis Seed Oil, Stearic Acid, Cera Alba, Tocopherol, Parfum, Mica

Нето количина: ~100г.

Начин на употреба

Нанесете мала количина на чиста и сува кожа и нежно масирајте додека целосно не се впие. За најдобри резултати, користете после туширање или во комбинација со Ready, Set, Smooth пилингот или некој од другите наши пилинзи.