Vanilla Cashmere
Vanilla Cashmere е оној последен чекор во негата по кој кожата едноставно се чувствува поинаку. Богатата путереста текстура се топи при допир и остава свиленкасто, меко чувство на кожата, проследено со топла ванила која останува и по нанесувањето. Создаден е во мала серија од внимателно избрани путери и растителни масла, без вода и без разредување на формулата — концентрирана нега од која е потребна само мала количина. За кожа која изгледа негувано, се чувствува неверојатно мека и мириса доволно добро за постојано да сакаш да ја допреш.
Начин на чување:
Чувајте на ладно и суво место
Избегнувајте директна сончева светлина
Поради природните путери, текстурата може да омекне на високи температури
Нанесувајте на чиста и сува кожа
Само за надворешна употреба
Важно: Доколку имате чувствителна кожа или познати алергии, препорачуваме внимателно да ја проверите листата на состојки пред користење. Поради природата на производот и од хигиенски причини, не прифаќаме замена или враќање.
Состав (INCI): Butyrospermum Parkii Butter, Calendula Officinalis Oil, Cocos Nucifera Oil, Helianthus Annuus Seed Oil, Cera Alba, Tocopherol, Parfum
Нето количина: ~100г.
Нанесете мала количина на чиста и сува кожа и нежно масирајте додека целосно не се впие. За најдобри резултати, користете после туширање или во комбинација со некој од другите наши пилинзи.


